Stock Photography Overview

Note: If you want to read this article in English click here
Првично текстов беше објавен на 3-ти февруари 2007 година, пред околу точно 3 години, за кое време доста работи се сменија во светот на Stock фотографијата. Овој ревидиран текст има цел да ги обнови информациите и да додаде нови. Во меѓувреме, Microstock агенциите и Microstock фотографијата не се веќе новитет и раритет, туку тие прераснаа во големи агенции со милионски профит, агенции кои полека но со сигурност почнуваат да привлекуваат се поголем број на клиенти од се поразлични профили.
Stock фотографијата или фотографија за комерцијална употреба генерално може да се подели во две категории:
1. Традиционална stock фотографија (генерално се врши продажба на Rights Managed фотографии, а најпознати агенции се Getty images, Corbis, итн.)
2. Microstock фотографија (генерално се врши продажба на Royalty Free фотографии, а најпознати агенции се iStockphoto, Shutterstock, Dreamstime итн.)
Традиционалната stock фотографија е фотографија за комерцијална употреба каде што фотографиите кои се продаваат преку големите stock агенции како Getty images, Corbis, и др. најчесто тоа се фотографии за кои агенцијата му наплатува на купувачот секој пат кога овој ќе ја искористи фотографијата. Со самото купување купувачот најчесто ги има екслузивните права на користење на таа фотографија за една година, а може и да ги откупи и ексклузивните права за користење на фотографијата. Цената се формира врз основа на времетраењето на договорот за употреба на фотографијата, екслузивноста, итн. Најголемиот број на фотографи кои испраќаат фотографии на овој вид на stock агенции се професионални фотографи.
Поновата или Мicrostock фотографијата се појавува во последните неколку години со експанзија на интернетот и претставува нов бизнис модел на полето на продажба на комерцијални фотографии. Најпознати играчи на ова поле се stock агенциите како Shutterstock, iStockphoto, Dreamstime и др. Мicrostock фотографијата ја карактеризира терминот Royalty Free што пак означува плаќање на еднократна сума на пари за временско неограничено користење на фотографијата. Исто така овој вид на stock фотографија се разликува од традиционалниот, Rights Managed вид на stock фотографија, во тоа што никој не ја поседува ексклузивноста на фотографијата, т.е. фотографијата може да се продава во неограничен број на неограничен број на купувачи. Цената најчесто е фиксна и достапна за секого, дури и за љубителите на добрата фотографија кои само сакаат да ја освежат desktop позадината од својот компјутер. Најголемиот број на фотографи кои испраќаат фотографии на овој вид на stock агенции се фото-ентузијасти, фотографи-аматери, хоби-фотографи (во меѓувреме, од 2007 па досега, се поголем број на професионални фотографи испраќаат фотографии на овие агенции), што не значи дека нивните фотографии заостануваат зад оние од професионалните фотографи.
Stock фотографијата најчесто се употребува во списанија, брошури, на интернет страници, блогови, како рекламен и промотивен материјал, итн.
Некои општи правила за Microstock фотографијата.
Секоја stock фотографија која ја испраќате на некоја од stock агенциите освен што треба да задоволува соодветни естетски, технички и други критериуми, таа треба да биде и copyright free. Тоа значи дека никакви имиња на фирми, натписи, логоа не треба да бидат видливи со цел да вашата фотографија биде примена на некоја од microstock агенциите. Затоа clone и patch tool алатките од Photoshop треба добро да ги познавате.
Исто така секоjа фотографиjа која содржи лице кое може да се препознае и идентификува мора да биде пропратена со Model Release (согласност за обjавување на фотографијата). Секоја фотографија која содржи лице на малолетник кое може да се препознае и идентификува мора да биде пропратена со Model Release for Minor кој пак треба да биде потпишан од родител/старател. Во поново време, и кај се поголем број на агенции, за сите фотографии каде што иако ликот на личноста од фотографијата не е видлив, на пример личноста е фотографирана од позади, сепак потребен е Model Release затоа што постои можност личноста од фотографијата да биде идентификувана на друг начин, на пример преку облеката, локацијата, итн. Од вакви причини секоја Microstock агенција има свој вид на Model Release, но за да не се доведете во случај да за секоја агенција и за секоја сесија моделот потпишува еден куп на документи, еден Generic (општ кој важи за сите агенции) Model Release е доволен. Generic Model Release во MS Word формат можете да превземете од тука, а Generic Model Release за малолетни лица тука.
Пребарувањето на фотографиите се врши на основа на keywords или клучни зборови кои ја опишуваат фотографијата. Така на пример доколку купувачот сака да купи фотографија од Ајфеловата кула во Париз, тогас во search engine-от ќе треба да вметне “Eiffel, Tower, Paris, France” со цел сите фотографии кои jа преставуват Аjфеловата кула во Париз да се прикажат. Поради ова, правилно и точно внесените клучни зборови се многу важен фактор кој е честопати занемаруван од страна на фотографите при пребарувањето од страна на купувачите. Правилно и точно опишани фотографии имаат многу поголема шанса да бидат видени од потенцијалните купувачи, отколку совршената фотографија која е лошо опишана и која содржи несоодветни клучни зборови.
Вметнувањето на клучните зборови во вашите фотографии може да се изврши и пред самиот upload затоа што сите microstock агенции имаат IPTC поддршка, т.е. нивниот систем сам ги извлекува клучните зборови од метадата-та на вашите фотографии, што е многу корисно затоа што не мора за секоја microstock агенција манулено да ги вметнувате. Во секоjа фотографиjа треба да вметнете од 0-50 клучни зборови разделени со запирка за да се овозможи IPTC поддршка. Еден од најдобрите начини за вметнување клучни зборови е во самиот Adobe Bridge затоа што не треба инсталација на дополнителен софтвер (претпоставувајќи дека имате инсталирано Photoshop) и затоа што Adobe Bridge не врши никаква компресија на сликата, туку само ја менува метадата-та на фотографијата. Вметнувањето се врши во Adobe Bridge во полето keywords со таканаречената канџа shortcut: CTRL+ALT+SHIFT+I. Потоа само затворете го Adobe Bridge и вашите клучни зборови ке бидат вметнати во фотографијата.
Истотака, зачленувањето на било која microstock агенција е бесплатно.
Update 2010: Со можноста на современите DSLR фотоапарати за запис на видео, се повеќе и повеќе се популаризира и продажбата на stock footage или stock видео клипови. Stock footage може да испраќате на Shutterstock, iStockphoto, Fotolia, Stockexpert и Pond 5. Pond 5 е агенција која работи исклучиво со stock footage, т.е. агенција каде не може да испраќате фотографии и Pond 5 е една од водечките stock footage агенции во моментов по бројот на продажби на видео клипови.
.
Што е потребно за да се стане stock фотограф?
1. 100 % технички изведени фотографии
Stock фотографијата а особено microstock stock фотографијата е немилосрдна кон техничките аспекти од фотографијата. Секоја фотографија треба да задоволува многу строги критериуми со цел да биде прифатена во некои од stock агенциите. Како пример би го издвоил многу ниското ниво на артефакти и шум кое е дозволено, никаквите отстапки во фокусот (главниот субјект на фотографијата мора да е 100% во фокус), композицијта треба да е соодветна на субјектот, секоја фотографија треба да содржи соодветни клучни зборови (keywords), итн. (Нема да верувате за што одбиваат фотографии.)
2. Прилично големо искуство во баратање со Photoshop
Како и во секој аспект од современта фотографија, Photoshop е вашиот најдобар пријател. Колку подобро го владеете, толку полесно ке ги добивате посакуваните резултати и квалитет на фотографијата.
3. Ништо помалку од DSLR за сериозен ангажман
Навистина употербата на DSLR во голема мера ќе ви ја олесни работата со тоа што DSLR апаратите се супериорни во однос на квалитетот кој го нудат наспроти P&S, bridge апаратите и ним сличните. Но сепак користењето на P&S и bridge апаратите и испраќањето на фотографии на некои од microstock агенциите не е mission impossible.
Update 2010: Ретко кој би се осмелил денеска да се обиде и да испрати фотографии направени со нешто друго освен DSLR затоа што како минуваше времето така техничките критериуми за прифаќање на фотографиите се повеќе растеа.
4. Нови и fresh идеи
Како и насекаде, креативноста и оригиналноста се навистина ценети во светот на microstock stock фотографијата.
5. Доста работа (upload, вметнување на клучни зборови, категоризирање, чување на архива кои фотографии каде се примени, итн)
Сепак stock фотографијата а особено microstock stock фотографијата не е лесна работа. Имено, фотографот не само што е одговорен за изработка на фотографии, тој треба да ги испрати фотографиите на агенцијата (upload), во сите фотографии да вметне соодветни клучни зборови со цел за полесно и поефикасно пронаоѓање на фотографијата, потоа тука е категоризацијата на фотографијата, итн. И сето ова треба да се направи за секоја различна агенција и за секоја различна фотографија иако денеска постои можност за автоматизирање на овој процес од компании кои за одреден надомест го прават ова за вас. Нешто повеќе за нив подолу во текстот. Сепак, доста работа навистина.
Преглед на двете најпознати и најголеми microstock агенции.
Shutterstock е првата microstock агенција која воведе модел на претплата и постигна голем успех. Имено, агенцијата за месечна претплата од 159 $ нуди секоjдневно превземање на најмногу до 25 фотографии дневно во текот на наредниот месец со што стана навистина атрактивна кај големите корисници на stock фотографија каде што цената на купената фотографија достигнува неверојатно ниско ниво од околу 0.25 $ по фотографија. Кога ќе се земе во предвид фактот дека фотографите добиваат по 0.25 $ од секое превземање некој сигурно ќе се запраша каде е тука профитабилноста на агенцијата. Но агенцијата опстојува и профитира со тоа што не сите корисници ги симнуваат 25-те дозволени фотографии дневно (колкумина од вас пробуваат од сето она што е сервирано на шведска маса) и сигурно не секој ден. Продажбата за време на викендите е значително намалена, а тука е секако и лимитот на исплата кој изнесува 75 $ и не секој од фотографите го достигнува овој лимит месечно, така што Shutterstock добива на располагање прилична сума на финансиски средства.
Update 2010: Месечната претплата во моментов изнесува 259 $ зa 25 превземени фотографии дневно. Со зголемувањето на претплатата истотака се зголеми и надоместот што го добиваат и фотографите, и така сега тој се движи од 0.25 $ па се до 0.38 $ во зависнот од рангот на фотографот.
Зачленување на Shutterstock
По креирањето на account на Shutterstock ќе треба да уплоадирате документ за лична идентификација (Пасош е вистинската опција затоа што личната карта ни е на кирилица) и 10 најдобри фотографии од вашето портфолио - најдобрите и во техничка смисла (фокус, шум композиција, итн) и во смисла на употребливост (тука сум на располагање да ги ѕирнам фотографиите пред да ги испратите и да ви дадам совет. Истотака немојте да заборавате дека ова е комерцијална фотографија - тука не продаваат фотографии Adams, Bresson, итн. Вашите арт фотографии чувајте си ги за себе). Од 10-те испратени фотографии, условот е најмалку 7 од нив да бидат прифатливи за агенцијата.
Фотографиите може да ги уплоадирате преку FTP (многу корисен метод) и HTML.
Процесот на оценка на вашите фотографии трае не подолго од десет дена. Потоа по емаил примате извештај дали сте примени (во случај да ве одбијат ќе треба да почекате еден месец пред повторно да аплицирате) и кога ќе ве известат дека ве примиле како фотограф може да продоложите со уплоад на други фотографии.
Лимитот за исплата е 75 $. Исплата се врши еднаш месечно на секој 1-ви од месецот во зависност од тоа дали на вашиот account го имате достигнато лимитот од 75 $. Плаќањето се извршува преку Paypal (за среќниците кои живеат во земја надвор од МКД), Мoneybookers или поштенски чек.
Уште само ќе спомнам дека на Shutterstock е дозволено и испраќање на фотографии без Model release како editorial фотографии.
Фотографиите мораат да бидат снимени со најмалку 4MP камера.
iStockphoto
iStockphoto е пионерот во многу нешта во microstock фотографијата. Најпрвин, тоа е агенцијата која го започна целиот тренд на microstock агенции и тоа на почетокот како бесплатна stock агенција во која дизајнерите и фотографите од целиот свет бесплатно ги разменуваа своите фотографииi, дизајни, идеи, итн. Врз тој темел на меѓусебна соработка беше изградена најголемата microstock агенција која во 2006 стана дел и од Getty images за “само” 50 милиони долари !!! iStockphoto е агенција која се разликува од останатите microstock агенции по тоа што отсекогаш ја ценела и подржувала уметничката фотографија (слободно просурфајте на страниците на iStockphoto и ќе се изненадите од естетската вредност на некои од нивните фотографии) иако за волја на вистината овој тип на фотографија не е баш омилен кај дизајнерите и купувачите. Исто така iStockphoto е првата агенција која овозможи екслузивитет на фотографиите. Секој од фотографите кои членуваат на iStockphoto по 500 продадени фотографии имаат опција да станат екслузивци на iStockphoto и со тоа да станат попривилегирани од останатите (бесплатни визит карти со ваше име, малку поголема исплата по фотографија, поголем број на дозволен уплоад од не-екслузивците, подобри резултати при пребарувањето од страна на купувачите, итн). Истотака сите екслузивни фотографи на iStockphoto кои имаат над неколку илјади превземени фотографии имаат шанса своите слики да ги продаваат и на Getty images. iStockphoto истотака нуди опција за објавување блог, вметнување линкови, креирање своја сопствена група на пријатели и многу други работи за кои и не сте помислувале дека постојат (пр. Istockalypse во Љубљана).
Зачленување на iStockphoto
Зачленувањето се врши по претходна покана од некој член на iStockphoto или пак самостојно со креирање на account на почетната страна. По креирањето на account на iStockphoto ќе треба да уплоадирате документ за лична идентификација, поминете “обука” која се состои од анкета на која претходно ги имате дадено одговорите а потоа и уплоад на неколку најдобри фотографии од вашето портфолио (околу 3).
Фотографиите може да ги уплоадирате преку HTML или бесплатниот софтвер кој го нуди iStockphoto.
Процесот на оценка на вашите фотографии трае не подолго од десет дена и зачленувањето на iStockphoto е генерално полесно отколку зачленувањето на Shutterstock.
Продажбата на фотографии на iStockphoto е врз основа на единечна фотографија за разлика од Shutterstock иако од почетокот на 2009 и iStockphoto воведе систем на претплата. Цената на фотографиите (ако не се купени како претплата) се пресметуваат во зависност од резолуцијата во која била купена фотографијата. Фотографија од не екслузивни фотографи на iStockphoto од 8 MP во моментов се категоризира и се плаќа отприлика вака :
XSmall: 283x424 px 1 Credit
Small: 566x848 px 3 Credits
Medium: 1132x1696 px 6 Credits
Large: 2304x3456 px 12 Credits
каде што за 18 долари се купуваат 12 кредити и фотографот добива 20 % од сумата. Само како напомена, секоја година на 7 Јануари iStockphoto ги ревидира цените и тие најчесто се зголемуваат, така да и оваа година на 7 Јануари цените со сигурност ке бидат променети.
Лимитот за исплата е 100 $ и исплатата се врши во моментот кога ќе се заработат најмалку 100 $ т.е не мора да се чека секој 1-ви во месецот. Плаќањето се извршува преку Paypal, Мoneybookers или поштенски чек.
Мала напомена дека iStockphoto се многу поригорозни од сите останати microstock агенции во однос на вметнувањето на клучни зборови во фотографиите поради uber-интелегентниот search engine, така да вметнатите клучни зборови мора да бидат внимателно одбрани и соодветно да ја опишуваат фотографијата.
Фотографиите мораат да бидат снимени со најмалку 2 MP камера.
Заработувачка
И на краjот освен љубовта кон фотографијата и прекрасното чувство да видите некоја своја фотографија објавена некаде во некое списание, весник, веб страна, се поставува прашањето колку може да се заработи од сето ова?
Тоа сепак зависи од многу фактори. Не заборавајте дека поради фактот дека горенаведените агенции се дел од microstock групата на stock агенции каде нема екслузивитет на фотографијата, една фотографија може да се продава и неколку пати во денот, секој ден ,секоја недела, итн. Некои фотографи заработуваат по 100 $ на ден а некои им треба 100 дена за да заработат 1 $ - квалитетот на фотографиите, оригиналноста, големината на портфолиото, итн се одлучувачки. Сепак со доста работа и добри фортографии можеби нема да треба да издвоите ни денар за вашиот следен фотоапарат.
Во продолжение ги наведувам и останатие две microstock агенции кои не заостануваат премногу позади Shutterstock и iStockphoto по големина и важност, и кои се следните логични microstock агенции на кој некој би се фокусирал. Условите се слични на Shutterstock и iStockphoto.
Позади водечките 4 microstock агенции со големо заостанување следуваат следниве microstock агенции. Условите се слични на Shutterstock и iStockphoto.
Bigstockphoto– Во 2009 беше купен од страна на Shutterstock.
StockXpert– Во 2009 беше купен од страна на Getty images групацијата. Истата групација која е сопственик на iStockphoto.
Alamy images- Водечка Британска традиционална агенција каде што може да испраќате Royalty Free и Rights Managed фотографии и каде што цените се многу поголеми од претходно наведените microstock агенции.
No photos
Tap the button in the lower right to upload photos.